Франција одби американско барање за екстрадиција

Француските власти денеска го одбија американското барање за екстрадиција на ирански инжињер, осомничен за избегнување на царинската контрола на САД при превезување на опрема за иранската нуклеарна програма. Властите во САД сметаат дека триесет и седумгодишниот Махид Какаванд преку интернет купувал опрема која се испорачувала до Иран преку Малезија. Француски суд го одби барањето за екстрадиција на Какаванд по четиримесечната процедура за разгледување на иницијативата на американските власти. Од одделот за Правда во САД соопштија дека се „длабоко разочарани“ од одлуката.