Обраќање на Бајден во Европскиот парламент

Американскиот потпретседател Џо Бајден утре ќе има обраќање пред Европскиот парламент. Како што соопштија од Белата куќа, станува збор за „големо обраќање“, дваесет и пет години по говорот на американскиот претседател Роналд Реган на 8 мај 1985 година. За време на официјалната посета на Брисел, се очекува Бајден да одржи разговори за трансатланската безбедност и за подобрување на односите меѓу Европската унија и Соединетите американски држави.