Загриженост во НАТО за инцидентот кај Блаце

Откриеното оружје во близина на македонско – косовската граница предизвика загриженост во НАТО. Амдмиралот Марк Фицџералд, командантот на југоисточното крило на Алијансата, денеска во Косово изјави дека таквите настани можат да го дестабилизираат регионот. Македонската полиција пронајде пушки, минофрлачи и повеќе од 80 килограми пластичен експлозив во импровизирани бункери кај Блаце минатата недела. Косовската полиција, пак, соопшти дека уапсила седуммина осомничени за шверц со оружје.