Бомби и престрелки во авганистанската провинција Нимроз

Група вооружени милитанти упаднала во владини објекти во авганистанската провинција Нимроз. Според Мустафа Расоли, висок полициски претставник во провинцијата, двајца бомбаши самоубијци се разнеле пред владините објекти, а потоа дошло до битка меѓу напаѓачите и обезбедувањето. Гувернерот на Нимроз изјави дека досега имало најмалку 7 експлозии и оти има битки меѓу безбедносните сили и напаѓачите на неколку локации.