Германскиот парламент расправа за помошта за Грција

Германскиот парламент ја започна расправата за учеството на Германија во пакетот помош за спас на Грција од банкрот. Канцеларката Ангела Меркел ја бранеше одлуката за обезбедување над 22 милијарди евра од германските даночни обврзници, како дел од помошта за Грција. Гласањето во германскиот парламент се очекува во петок.