Американскиот пакистанец се обучувал во Вазиристан

Американските и пакистанските власти ја интензивираат истрагата во врска со осомничениот американец со пакистанско потекло, кој беше уапсен поради обидот да активира автомобил бомба во Њујорк. Според американските истражни органи, Фајсал Шахзад признал дека се обучувал во пакистанскиот регион Вазиристан, што укажува на можни врски со талибанците и Ал Каеда. Властите во Пакистан пак соопштија дека неколку лица биле уапсени во градот Карачи, кои се осомничени за поврзаност со овој инцидент.