Генерален штрајк во Грција

Во Грција денеска е прогласен генерален штрајк против владините мерки за штедење, чија цел е да се спаси земјата од банкрот. Воздушниот сообраќај е во прекин а не работат и повеќето јавни сервиси, а кон штрајкот се приклучија и вработените во приватниот сектор. Синдикатите најавуваат масовни демонстрации во центарот на Атина.