Филе предвидува несреќни изненадувања за Македонија

Постои можност Скопје и Атина да дојдат до компромис за прашањето за името за време на шпанското претседателство со Европската унија, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе во интервју за Би-Би-Си. Тој истакна дека лидерите во Атина и Скопје треба да направат дополнителни напори за да најдат решение за спорот до крајот на јуни, до кога Шпанија е претседавач со Унијата. На прашањето дали се јавуваат безбедносни ризици поради доцнењето во евроинтеграцијата на Македонија, Филе одговори дека може да дојде до несреќни изненадувања доколку се запре европската перспектива на земјата.