Двајца војници на НАТО загинаа во Авганистан

Двајца војници загинаа во Авганистан денеска, јавија од НАТО. Алијансата соопшти дека странските војници загинале во две експлозии на бомби поставени покрај пат во јужниот дел на земјата. Во соопштението не се наведува националноста на загинатите, но од канадското Министерство за надворешни работи потврдија дека еден војник загинал во провинцијата Кандахар. Оваа година повеќе од 170 војници на НАТО загинаа во Авганистан.