Бритиш Петролеум интервенира во Мексиканскиот Залив

Компанијата „Бритиш Петролеум“ соопшти дека работи на изградба на конструкција која би требало да го спречи истекот на нафта од пукнатата цевка во водите на Мексиканскиот Залив. Еколошка катастрофа му се заканува на американското крајбрежје откако минатата недела експлодираше платформа во Заливот. Од „Бритиш Петролеум“ велат дека сега се конструира метална кутија која ќе се спушти на дното на океанот. Конструкцијата би требало да го сопре истекот на нафтата. Експерти проценуваат дека од овој нафтен извор дневно се испумпувале 750,000 литри нафта. Во меѓувреме, гувернерот на Калифорниа Арнолд Шварценегер ја повлече својата подршка на инцијатива за зачестување на дупчењето за нови нафтени извори во Мексиканскиот Залив.