Почнаа штрајковите во Грција

Вработените во грчкиот јавен сектор денеска почнаа дводневен штрајк во знак на незадоволство од владините рестрикции на трошењето, кои се предлагаат со цел земјата да добие европска помош за спас од задолженоста. Штрајкот на државните службеници се организира пред најавениот генерален штрајк закажан за утре. Инаку, грчката влада очекува дека предложените рестрикции на трошењето на парите од државната каса ќе поминат на собрание во текот на неделава.