Уапсено лице поврзано со автомобилот бомба во Њујорк

Јавниот обвинител на САД, Ерик Холдер изјави дека американските власти уапсија едно лице во врска со обид за поставување автомобил бомба на Тајмс Сквер во Њујорк кога тој се обидувал да побегне од земјата на меѓународниот аеродром Џон Кенеди. Холдер го идентификуваше осомничениот како Фејсал Шахзад, кој е американски државјанин. Американскиот јавен обвинител рече и дека истрагата е во тек, но дека е јасно оти станува збор за терористички чин со цел да се убијат Американци.