САД имаат 5113 боеви глави

Соединетите Американски Држави прв пат открија колкав нуклеарен арсенал поседуваат. Според извештајот на министерството за одбрана, 5113 боеви глави, оперативно распоредени се чуваат во активна резерва или се наоѓаат во неактивни складишта. Нуклеарниот арсенал е намален за 84 отсто од неговиот максимум од 31 225 боеви глави за време на Студената војна, како и 75 отсто од 1989 година, кога се урна Берлинскиот ѕид. Државниот секретар Хилари Клинтон на конференцијата за ревизија на договорот за спречување на зголемување на нуклеарното оружје изјави дека тие решиле да бидат транспарентни, бидејќи тоа ќе ја зголеми довербата во напорите за контрола на оружјето.