Тимошенко повикува на протести

Украинскиот опозициски лидер Јулија Тимошенко го обвини претседателот Виктор Јанукович дека ја води земјата во диктатура. Таа ги повика нејзините поддржувачи на протест пред зградата на парламентот на 11 мај. Опозициските пратеници во минатата недела фрлаа јајца и палеа чадни бомби во парламентот, со цел да се спречи усвојувањето на контроверзниот договор за продолжување на закупот на руска поморска база на украинскиот полустров Крим за 25 години.