Отфрлен предлогот на Ердоган за измени на законот за партиите

Турскиот парламент ги отфрли предлог измените на законот за политички партии, со што му се зададе удар на планот на владата за уставни реформи, бидејќи ќе биде отежнато забранувањето на партиите. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе продолжи да оди по патот по кој тргнале и оти не планираат откажување од предлогот уставни реформи. Политичките противници реформскиот план на Ердоган го сметаат за обид неговата владејачка Партија на правдата и развојот да ја зајакне контролата врз државните институции и да ги поткопа секуларните принципи, врз кои почива турската држава.