Ахмадинеџад: Нема докази дека Иран ќе произведува оружје

Нема ниту еден кредибилен доказ дека Иранската нуклеарна програма ќе произведува нуклеарно оружје, рече денеска иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад при своето обраќање на конференцијата за ревизија на договорот за спречување на размножувањето на нуклеарното оружје. Тој додаде дека земјите кои се закануваат да го употребат својот нуклеарен арсенал треба да бидат казнети. Говорот на претседателот не го ислушаа претставниците на САД, Британија и Франција. Тие ја напуштија салата во Њујорк каде се собрани државни функционери од 189 земји. Претседателот на исламската република, пред да отпатува во Њујорк, упати остри критики до Обединетите нации, обвинувајки ја агенцијата за нуклеарна енергија за спречување на експлоатацијата на нуклеарната енергија за производство на гориво. Во изминатиов период се зачестува лобирањето на западните земји за построги санкции против официјален Техеран. Американските власти минатиот месец проценија дека, доколку постои желба, иранската нуклеарна програма може да произведе оружје за една година.