Напредок во истрагата за бомбата на Тајмс Сквер

Има значаен напредок во истрагата за поставениот автомобил бомба во Тајмс Сквер во центарот на Њујорк, изјави денеска американскиот правобранител Ерик Холдер, кој додаде дека властите имале „добри информации“ за случајот. Претходно њујоршката полиција соопшти дека трагапо 40 годишен маж кој бил фатен на безбедносна камера. Автомобилот бомба беше пронајден во саботата вечер. Од возилото излегувало чад, но експлозивите не детонирале.