Средба Груевски - Либерман

Интензивирањето на економската соработка помеѓу Македонија и Израел била главна тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу премиерот Никола Груевски и израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман. Министерот Либерман искажал благодарност за грижата на Македонија за припадниците на еврејската заедница и за почитувањето и унапредувањето на нивните права и интереси.