Комеморација на загинати српски војници во Сараево

Неколку стотици луѓе се собраа во Сараево денеска за да им оддадат почит на загинатите српски војници во нападот на југословенски конвој во 1992 година. Србите тврдат дека во инцидентот пред 18 години на денешен ден загинале 42 војници, додека босанците тврдат дека деветмина загинале кога конвојот бил нападнат при повлекувањето од Сараево. Во 2003 година. Хашкиот трибунал одби да го категоризира инцидентот како воено злосторство.