Спојување на „Јунајтед Ерлајнс“ и „Континентал Ерлајнс“

Американските авиокомпании „Јунајтед Ерлајнс“ и „Континентал Ерлајнс“ денеска најавија дека ќе се спојат, со што ќе се формира најголемата авиокомпанија во светот. Трансакцијата се уште треба да биде одобрена од акционерите, но од двете компании соопштија дека процедурата би требало да се комплетира до крајот на годинава. Новоформираната фирма би држале седум проценти од сите летови во светот, превезувајки 114 милиони патници на 370 дестинации. Во моментов најфреквентни се летовите на американската компанија „Делта“ која им е конкурент на Јунајтед и Континентал Ерлајнс.