Критики од Узбекистан за браната Рогун

Претседателот на Узбекистан Ислам Каримов денеска ги критикуваше соседните земји за тоа што не ги земале предвид последиците од нивните политики за водите. Узбекистан има проблеми со соседен Таџикистан поради плановите за изградба на хидроелектрана. Таџикистан, најсиромашната земја во централна Азија, се надева дека ќе може да извезува електрична енергија со изградбата на браната на Рогун на реката Вакш. Узбекистанските власти, од друга страна, стравуваат дека изградбата на браната ќе ги уништи плантажите на памук, кои се полеваат со вода од реките кои извираат во Таџикистан и Киргистан.