Индија: судење за нападите во Мумбаи

Судот во Индија денеска пресуди дека пакистанецот Мухамед Аџмал Касаб е виновен за нападите во индискиот град Мумбаи во 2008 година во кои загинаа 166 луѓе, а повеќе од 300 други беа ранети. Се верува дека тој е единствен преживеан член од десетмината напаѓачи кои за време на акцијата на индиската полиција беа убиени. За утре е најавена и пресудата за Касаб кој се соочува и со смртна казна.