Лидерот на пакистанските талибанци се заканува

Лидерот на талибанците во Пакистан Хакимула Мехсуд се појавил на нова видео снимка, неколку месеци откако беше објавено дека бил убиен во американски воздушен напад. Во 9 минутната снимка тој ги отфрла тврдењата дека загинал и најавува напади врз поголемите американски градови. Видеото, според наводите, било снимено на 4 април и во него не се спомнува автомобилот бомба што во саботата беше пронајден во центарот на Њујорк. Претходно одговорноста за овој инцидент ја презедоа пакистанските талибанци, но Вашингтон соопшти дека досега не биле најдени никакви докази за тоа.