Експлозија во Атина, нема повредени

Пред една банка во Атина синоќа експлодирала бомба, оштетувајќи го влезот на зградата, но немало повредени, соопшти грчката полиција. Овој бомбашки напад е прв откако грчката влада најави остри мерки за штедење во замена за меѓународната помош за да излезе од должничката криза. Неодамнешните истражувања покажуваат дека грчката јавност се противи на владините мерки.