Автомобил бомба пред НАТО база во Авганистан

Во денешниот самоубиствен напад со автомобил бомба пред НАТО база во авганистанската југоисточна провинција Хост загинал еден цивил, додека двајца чувари биле повредени. Нападот се случил надвор од базата каде што во декември еден јорданец изврши самубиствен напад при што загинаа седум агенти на ЦИА. За денешниот напад одговорноста ја презедоа талибанците. Во одделен инцидент во провинцијата Пактија, осум цивили загинале, а повеќе од десетина биле повредени кога експлодирала бомба крај патот во моментот кога таму минувало комбе со патници.