Севернокорејскиот лидер во посета на Кина?

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил, според некои новински извештаи, допатувал во посета на Кина, главниот сојузник на режимот во Пјонгјанг. Се верува дека тој бил во возот кој денеска пристигнал во кинескиот пограничен град Дандонг. Засега нема официјална потврда дека Ким престојува во својата прва посета на Кина во изминативе четири години.