Ахмети и Бериша за членство на Македонија во НАТО

Македонија треба што поскоро да влезе во НАТО во интерес на нејзината и на стабилноста во регионот а Албанија ја сметаме за вистински лобист за тоа, му порачал лидерот на ДУИ, Али Ахмети на албанскиот премиер Сали Бериша при вчерашната посета на Тирана. Бериша го поттикнува албанскиот фактор во Македонија за спроведување на Охридскиот договор кој до сега се спроведува добро и треба да биде целосно реализиран „во интерес на правата на Албанците, но и во интерес на македонското општество и Македонија во целина“, рекол Бериша.