Земјотрес во Чиле

Земјотрес со магнитуда од 5,9 степени по Рихтеровата скала го погоди Чиле, а официјални претставници рекоа дека тој не предизвикал никаква штета и никој не е повреден. Единствената последица биле прекинатите телефонски линии поради огромниот број повици на загрижените граѓани. Ова беше уште еден од стотината потреси регистрирани по разорниот земјотрес од 8, 8 степени што го погоди Чиле на 27 февруари кога загинаа неколку стотици лица.