Втор ден протести во Грузија

Активисти за човекови права од Грузија веќе втор ден ја блокираат една од најголемите улици во центарот на Тбилиси. Насобраните бараат ослободување на политички затвореници, јавија дописниците на Радио Слободна Европа од земјата. Протестите во петокот ги иницираше невладината организација „Солидарност“. Кон протестите се приклучиле и припадници на опозициските партии, од каде тврдат дека во затворите има педесетмина политички затвореници.