Обама во посета на Мексиканскиот Залив

Американскиот претседател Барак Обама во следниве 48 часа ќе го посети Мексиканскиот залив каде повеќе од 5,000 буриња со нафта се излеваат во водата, по експлозија на нафтена платформа. Нафтата ги загадува водите на бреговите крај соединетите држави Мисисипи, Флорида и Алабама. Извори од Белата куќа ја потврдуваат посетата, додавајки дека моментално не се знае точно каде ќе отпатува претседателот. За сега не се познати причините за експлозијата на платформата.