Експлозија на бомба во Налчик

Еден загина а дваесетмина се повредени во експлозија на бомба во Налчик, главниот град на руската република Кабардино – Балкариа. Бомбата експлодирала на првомајски собир. Експлозивната направа била поврзана со тајмер а во неа имало и парчиња метал, со цел повеќе луѓе да бидат повредени, соопштија од локалното министерство за внатрешни работи.