Солзавец против демонстрантите во Грција

Грчката полиција се судри со демонстрантите во центарот на Атина денеска, каде илјадници млади го изразуваат незадоволството од владините антикризни мерки, наменети за намалување на задолженоста. Демонстрантите се жалат дека строгите мерки ќе имаат негативно влијание врз народот. Протести се одржуваат и во Солун, каде полицијата со созавец се обидува да ги растера насобраните. Викендов се очекува Грција да ги обелодени мерките за рестрикција на трошењето, со што земјата би го исполнила условот за првата рата помош во висина од 45 милијарди евра од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу изјави дека преживувањето на нацијата е загрозено. Инаку, се очекува во следниве три години во грчката економија да има прилив од 120 милијарди евра европски пари наменети за намалување на рекордните долгови на земјата, кои ја потресоа целата еврозона.