Протести во Атина против антикризните мерки

Илјадници грци денеска се собраа во центарот на Атина на протести против рестриктивните економски мерки со кои владата планира да се справува со должничката криза. Викендов се очекува претставници на Грција, Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија да разговараат за економските мерки, кои се предуслов за грчките власти да добијат пакет финансиска помош од Унијата и Фондот. Во следниве три години се планира инвестирање на 120 милијарди евра европски пари за спас на грчката економија.