Вонредна состојба во 4 американски држави поради нафтената дамка

Американската влада побара од Бритиш Петролеум да превземе дополнителни мерки за санирање на последиците од истекувањето на нафтата во Мексинакскиот Залив, која загрозува голем дел од американскиот брег. Околу 5 илјади барели нафта се излеваат дневно во водите на заливот по хаваријата на една нафтна платформа. Американските држави Луизијана, Мисисипи, Флорида и Алабама прогласија вонредна состојба. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Бритиш Петролеум треба да ја превземе одговорноста за акцијата за чистење на брегот.