Првомајски протести во светот

Во светот денеска, главно со протести, се одбележува Први Мај. Илјадници луѓе демонстрираат во Атина против новите мерки на владата за справување со должничката криза. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу изјави дека се нужни нови зголемувања на даноците и мерки за штедење за да се извлече земјата од кризата. Во повеќе градови на Германија исто така се најавени демонстрации, а полицијата во Берлин ги зајакна патролите поради можниот судир меѓу нео-нацистите и крајно левичарите. Во Хамбург дошло до судири меѓу полицијата и демонстрантите, при што 17 полицајци биле повредени. Во турскиот град Истанбул, за прв пат по 33 години, илјадници луѓе маршираа на плоштадот Таксим, каде што на првомајските протести во 1977-ма година загинаа 36 лица. Во Русија опозицијата најави анти-владини протести во Москва и во Санкт Петерсбург, а прослава и собири планираат и комунистите, националистите и подржувачите на премиерот Владимир Путин.