Русија и Украина ја продлабочуваат соработката

Рускиот и украинскиот премиер денеска разговараат за натамошно проширување на соработката и односите меѓу двете земји кои значително се подобрија во последниве недели по смената на власта во Киев. Владимир Путин и Микола Азаров се сретнаа во Сочи разговораат за соработката во енергетски проекти и Авио индустријата. Претходно, Украина и Русија постигнаа договор за продолжување на престојот на руската флота во поморска база во Украина, во замена за 30 насто намалување на цената на рускиот гас. Про-западна опозицијата на Украина тоа го оцени како продажба на националните интереси.