ОН - програмите за помош во Пакистан загрозени

Обединетите нации соопштија дека недостатокот на средства, е закана за програмите за сместување, храна и здравствена заштита на стотици илјадници луѓе во некои од најтензичните области во Пакистан. Според Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, невладините организации имаат посебен проблем во два погранични региона со Авганистан во кои пакистанските сили се борат со милитантите на Ал-Каеда и Талибанците.