Oткриен нов бункер со оружје кај Блаце

Полициските „Тигри“ пронајдоа уште еден бункер со големо количество оружје и муниција во близина на Блаце, кај Бањански рид.
Големо количество оружје беше пронајдено и во вчерашната акција близина на Блаце. Притоа од лицата кои го обезбедувале оружјето беше отворен оган врз припадниците на полиција, кои возвратија, по што напаѓачите избегале. Нема повредени полицајци.
Во меѓувреме, косовските медиуми објавија дека полицијата во Косово веќе уапсила тројца луѓе за кои се сомневаат дека се вмешани вчерашната престрелка со полицијата кај граничниот премин Блаце. Во косовското село Белограце, во близина на Качаник уапсени се седум луѓе, осомничени за илегална трговија со оружје. Косовската полиција и КФОР при претрес на две куќи во селото пронашле одредено количество оружје и воени униформи. Идентитетот на уапсените не е соопштен.
Косовската полиција не потврди дали апсењето е поврзано со вчерашниот оружен инцидент кај Блаце.