Намалување на вработеноста во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во првиот квартал од годинава во однос на истиот период лани е намален за 7,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Државната институција во март годинава во однос на истиот месец лани во индустријата евидентирала намалување на работниците за 6,5 проценти. Во секторот Вадење руди и камен во март годинава во однос на март 2009 година, бројот на работниците е намален за 7,6 отсто, во преработувачката индустрија за 6,8 проценти и во секторот снабдување со електрична енергија, гас и вода за 2,3 проценти.