Опструкции при македонското претседателство со Советот на Европа ?

Очекуваме одредени препреки на патот поврзани со различни перцепции за насловот со кој Македонија ќе претседава со Советот на Европа, изјави Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска во собранието. Република Македонија како претседавач со Советот на Европа од мај до декември, подготви програма на приоритети со календар и распоред на десетина меѓународни конференции кои ќе бидат одржани во Македонија и во Стразбур, додаде шефот на македонската дипломатија.