Средба Јолевски - Василакис во Њујорк

Посредникот на ОН Метју Нимиц вчера во Њујорк се сретнал со претставниците на Македонија и на Грција во разговорите за името Ѓорѓи Јолевски и Адамантиос Василакис. Македонската информативна агенција, повикувајки се на извори од Обединетите нации, јави дека наводно консултативната средба се случила во седиштето на светската организација. За сега нема повеќе детали за разговорите.