Саркози и Бруни во прошетка низ Кинескиот ѕид

Фрнацускиот претседател Никола Саркози и неговата сопруга Карла Бруни денеска го посетија Кинескиот Ѕид и музејот на династијата Минг, пред продолжувањето на разговорите со кинеските официјални личности. Саркози вчера во Пекинг имаше средба со кинескиот претседател Ху Џинатао на која било разговарано за кризата со иранската нуклеарна програма.