Обама и Меркел зборувале за кризата во Грција

Претседателот на Соединетите држави Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел се согласиле дека е потребна "одлучна акција" за справување со долгот на Грција кој допринесе за економска криза во таа земја. Обама и Меркел за состојбата во Грција зборувале по телефон. Претходно, Меркел изјави дека меѓународна помош за извлекување на Грција од кризата мора да се забрза во спротивно целата еврозона ќе има проблеми.