Баросо се среќава со Џиабао во Пекинг

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо денеска во Пекинг ќе се состане со кинескиот премиер Вен Џиабао. Тема на разговорите најверојатно ќе бидат трговските прашања, климатските промени и човековите права. ЕУ е најголемиот трговски партнер на Кина, а Кина е вториот по големина трговски партнер со кој соработува Унијата. Европската Унија сака Пекинг повеќе да се отвори за проток на европски стоки и услуги.