Стотина милијарди евра за спас на Грција ?

Германскиот парламентарец и лидер на опозициската партија на зелените Јирген Тритин денеска изјавил дека, според извршниот директор на Меѓунардониот монетарен фонд Доминик Штраус Кан, пакетот помош на еврозоната и ММФ за Грција ќе вреди меѓу 100 и 120 милијарди евра во следните три години, јавија новинските агенции. Тритин дополнил дека на германските парламентарци им е кажано дека Грција треба да биде „де факто повлечена од пазарите“ во текот на следните три години.