МВР нема да го затвори случајот Трајковски

МВР нема да го затвори случајот се додека не бидат расчистени сите нејаснотии околу авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски. Ова денеска го изјави портпаролот на МВР Иво Котески како реакција на тврдењето на пратеникот во Парламентарно Собрание на Советот на Европа Андреас Грос дека случајот Борис Трајковски не е несреќа. МВР продолжува да контактира и со босанските власти и со други надлежни инститyции за обезбедување на неопходните факти околу авионската несреќа, рече Котевски.