Обелоденети дел од документите за Катин

Рускиот државен архив денеска на интернет објавија документи за масакрот на пољаци од страна на советските сили за време на втората светска војна. Документите биле објавени по нареба на претседателот Димитриј Медведев, соопштија од државната институција. Во 1940 година околу 22.000 полски официри и функционери беа убиени во Катин по наредба на советскиот лидер Joсиф Висаријоновиќ Сталин. Документите долго време се чуваа како државна тајна. Сега се обелоденети само дел од записите, додека други документи за Катин се уште се строго доверливи.