Македонија - пад на индустријата во Март за 11,2 насто

Индустриското производство во март годинава, во однос на истиот месец лани, било помало за 11,2 насто.
Според Државниот завод за статистика, во секторот Вадење на руди и камен има пад од 23,2 насто, во секторот преработувачка индустрија опаѓање од 13,9 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас и вода бележи пораст од 10,6 насто.
Според главните индустриски групи, производството во март 2010 година, во однос на март 2009 година, бележи опаѓање кај енергијата за 21,1 насто, интермедијарни производи, освен енергија за 6,4 проценти, капиталните производи за 30,3 насто, трајни производи за широка потрошувачка за 12,6 наство и нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 насто.
Индустриското производство во периодот јануари - март 2010 година, во однос на периодот јануари - март 2009 година, бележи намалување од 9,4 насто.