Европските нафташи со голем профит

Најголемата нафтена компанија во Европа, британско-холандската групација "Шел", објави речиси 50 насто зголемување на нето добивката за првиот кварта, поради повисоките цени на нафтата, растот на производство раст, и намалување на трошоците.
Нето добивка сега е речиси 5,5 милијарди долари за разлика од нешто помалку од 3,5 милијарди лани во истиот период. Најголемиот европски ривал, Бритиш Петролеум пак оствари профит од 6 милијарди долари.