Францускиот Претседател Саркози во посета на Кина

Францускиот претседател Никола Саркози во рамките три дневната посета на Кина се очекува да изврши притисок Пекинг да ги поддржат дополнителни санкции против Иран. Саркози, кој е придружуван од неговата сопруга Карла Бруни, пристигнаа во западниот град на Џие пред да се упати за Пекинг каде подоцна ќе разговора со претседателот Ху Џинтао. Западните сили притискаат за нови санкции на Обединетите Нации против Иран поради одбивањето да запре со процесот на збогатување ураниум. Меѓутоа, Кина и Русија, која исто така има постојано место во Советот за Безбедност, засега се воздржани.